struja-rek-bitola-termocentrala-4

10.10.2024 Скопје

Во РЕК Битола, во рамки на подготовките за претстојната грејна сезона од мрежа го исклучи Блок 3, а во тек се операции  за вклучување на Блок 2. Се очекува постројката да биде синхронизирана со македонската електроенергетска мрежа околу 15 часот, информираа од комбинатот.

Оттаму додаваат дека во тек е испитување на  стабилноста и доверливоста на постројките по извршените ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3. На ТЕ Битола 1 годинава воопшто не беше извршен ремонт, така што и врз таа постројка се во план дополнителни интервенции во пресрет на зимата.

Според годишниот план за производство на АД ЕСМ, предвидено е во овој период, РЕК Битола да работи со еден блок, додека се во тек процесите за консолидација на комбинатот и нормализација на состојбите во рудникот Суводол.

Подготвено од М.Д.

About Author