Image by wirestock on Freepik

22.10.2024 Скопје

Годишниот раст на вкупните депозити во септември изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.

Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 7,5% под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот домаќинства. соопшти Народна банка.

Паричната маса во септември 2024 година забележа месечен пад од 1,2%, во поголем дел како резултат на намаленитекраткорочни депозити и депозитни пари, при помал придонес во падот и на готовите пари во оптек, а во услови на раст на долгорочните депозити до две години.

На годишна основа, паричната маса е зголемена за 6,7% поради растот на депозитнитепари, долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити бележат намалување.

Вкупните депозити, во септември се намалени за 0,4% на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата остварија раст.

Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Вкупните кредити, во септември бележат месечен раст од 0,4%, којшто во целост се должи на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“.

На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 7,5% под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Во септември, вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа месечен пад од 0,5%.

Надолната промена пред сè е резултат на пониските краткорочни депозити во странска валута и во денари, во услови на раст на депозитните пари и долгорочните депозити.

На годишна основа е забележан раст од 4,7%, во поголем дел поради зголемените депозитни пари, при раст и на долгорочните депозити во странска валута и во денари и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат намалување.

Кредитите на корпоративниот сектор, во септември остварија минимално месечно намалување од 0,1% што во целост e резултат на падот на кредитирањето во странска валута, при раст на кредитите во денари.

Споредено на годишна основа,кредитите на корпоративниот сектор бележат раст од 7,5%, којшто произлегува од зголеменото кредитирање во денари, при пад на кредитите во странска валута.

Во септември, вкупните депозити на домаќинствата се зголемени за 0,1% на месечна основа, целосно под влијание на растот на долгорочните депозити во денари и странска валута, во услови кога депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута и во денари бележат пад.

Годишниот раст изнесува 11,2% и произлегува од зголемувањето на депозитните пари и долгорочните депозити во денари и странска валута, при пад на краткорочните депозити.

Кредитите на домаќинствата, во септември, се повисоки за 0,8% и 7,7% на месечна и годишна основа, соодветно.

Растот по двете основи е резултат на зголемените кредити во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во септември, кај најзастапените категории ̶ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,6% и 1,0%, соодветно, при годишно зголемување од 6,7% и 11,0%, соодветно.

Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 0,6% на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 13,5%.

Кредитите одобрени на кредитни картички, во септември забележаа месечен и годишен пад од 0,8% и 9,0%, соодветно.

Во септември, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи остваријамесечно зголемување од 4,6% и 0,7%, соодветно, додека на годишна основа забележаа намалување од 1,9% и 17,5%, соодветно.

Подготвено од М.Д.

About Author