14.10.2024 Скопје
Вработените во Германија долго време одвојуваат дел од заработката за задолжителна пензија, а на крајот добиваат малку.
За пензија од 1.250 евра, вработен мора да работи и да плати придонес 37 години и седум месеци, соопшти Министерството за социјална заштита.
За пензија еднаква на минималната осигурена сума од 938 евра, работникот треба да плати 28 години и три месеци.
За 1.500 евра месечно, во текот на работниот век морале да платат 119.066 евра, одбивајќи од вкупната бруто-заработка од 1,25 милиони евра.
За 1.250 евра за тие 37 години и седум месеци треба да платат 107.800 од бруто 107.810, а за основната пензија од 938 евра, тоа е 88.497 евра издвоена од бруто-заработката од 921.735.
Левица, најмалата партија во Бундестагот, бара зголемување на сите пензии за 10 отсто.
Подготвено од М.Д.