EVROPSKA KOMISIJA

16.10.2024 Скопје

Европската комисија ќе предложи нов закон што ќе поддржи протерување илегални мигранти, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во писмо до членките на ЕУ.

„Комисијата ќе претстави нов нацрт-закон“ со „јасни обврски за соработка за вратените лица и желба за ефикасно рационализирање на процесот на враќање“, наведе фон дер Лајен како одговор на барањето на неколку земји-членки на ЕУ.

„Потребна ни е нова правна рамка за да го зајакнеме нашиот капацитет за дејствување“, објасни таа во писмото пред самитот на ЕУ в четврток и петок во Брисел, што делумно ќе биде посветен на прашањата за мигрантите.

Брисел предлага да се олесни протерувањето на нерегуларните мигранти, за што може да придонесе доколку сите земји на ЕУ ги признаат одлуките донесени од другите земји-членки.

Подготвено од М.Д.

About Author