elektricni-avtomobili-750x430

10.10.2024 Скопје

Европската комисија го отфрли предлогот на кинеската влада увозните електрични возила произведени во Кина да се продаваат во Европската Унија по минимална цена од 30.000 евра.

Конкретните детали од понудениот компромис во преговорите меѓу двете страни не се објавени.

Пекинг го понуди ова решение за да се спречи претстојното воведување дополнителни царини на Европската Унија за кинеските возила.

Членките на Европската Унија наскоро треба да гласаат за тарифите за кинеските електрични возила до 35,3%, што ќе ги надмине стандардните тарифи за увоз на автомобили на Европската Унија од 10%.

ЕК како причина за воведувањето на ваквата мерка наведе што ЕУ е строго против Кина да дава субвенции за своите производители на автомобили, со што ја спречува конкуренцијата и еднакви услови за сите.

Подготвено од М.Д.

About Author