Sauli-Niinisto-Ursula-fon-der-Lajen

31.10.2024 Скопје

Европската унија мора да се прилагоди на новата нестабилна реалност и подобро да се подготви за кризи, вклучително и создавање служба за соработка на разузнавачките агенции на земјите-членки, се вели во извештајот што за Европската комисија го подготви поранешниот фински претседател Саули Ниинисто.

„Мораме да се подготвиме за нова нестабилна стварност и нема причина да веруваме дека во догледна иднина основните двигатели на кризите ќе се повлечат“, се вели во извештајот што го подготви поранешниот фински претседател на барање на Комисијата.

Меѓу другото, Ниинисто предлага служба за соработка на разузнавачките агенции на ниво на ЕУ, која би ги опслужувала стратешките и оперативни потреби. Исто така, се предлага создавање антидиверзантска мрежа за заштита на инфраструктурата, што невосмислено алудира на минирањето на четирите цевководи на гасоводите Северен тек и Северен тек 1 со кои беше конечно прекината испораката на евтирниот руски гас во Германија, односно во земјите од ЕУ.

Фон дер Лајен смет дека прибирањето на разузнавачки податоци е, пред сѐ, одговорност на земјите-членки и дека треба да се работи на подобра размена на овие информации на ниво.

Ниинисто вели и дека се залага земјите-членки да воведат програми за вклучување на цивилите во одбраната, иако тоа не мора да значи воведување задолжителна воена служба.

„Во Финска имаме воен рок, јас тоа не го предлагам тоа затоа што сакам да бидам реален. Но, во некои земји имаме и законски обврски за цивилно служење, а секаде имаме доброволно ангажирање“, вели финскиот политичар.

Ниинисто предлага и поголема соработка меѓу ЕУ и НАТО.

Во март оваа година, Комисијата го задолжи поранешниот фински претседател да подготви сеопфатен извештај со препораки за зајакнување на цивилните и одбранбените капацитети на Унијата за да се направи поотпорна на кризи. Неговиот извештај ќе послужи како патоказ за постапувањето на Комисијата во новиот мандат во областа на одбраната

„Европа сфаќа дека големите кризи во изминатите години не беа ниту изолирани, ниту минливи и тие ги одразуваат подлабоките тектонски геополитички, климатски и технолошки промени“, рече претседателката на еК, Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со Ниинисто.

Во извештајот се наведува дека од почетокот на оваа деценија ЕУ доживеала три големи кризи – пандемијата, најкрвавата војна на европска почва по Втората светска војна и климатската криза.

„Подобрата подготвеност на ЕУ бара нов начин на размислување. Враќањето на војната во Европа, како и неодамнешното искуство на пандемијата и зголемената штета поврзана со климатските промени, беа силни потсетници дека безбедноста е основа на сè, таа е јавно добро и клучен предуслов за одржување на нашите вредности и демократскиот политички систем, како и нашиот економски успех и конкурентност“, се вели во извештајот.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ треба да ги зајакне своите одбранбени способности, истакнувајќи дека руските воени трошоци оваа година ги надминаа трошоците за одбрана на сите земји-членки заедно.

Подготвено од М.Д.

About Author