solc germanija budzet

14.10.2024 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Европската Унија е комплетна само со Западен Балкан како нејзин дел и дека земјите од тој регион треба да преземат натамошни чекори кон заедничка иднина.

На отворањето на самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Берлин, тој рече дека сите знаеме колку регионот на Западен Балкан се уште е обликуван од конфликтите од минатото и дека е време да се надминат и да се свртиме кон иднината.

„Затоа сакам да им порачам на нашите пријатели од Белград и Приштина, не дозволувајте минатото да ве врати назад од патот кон мирна и просперитетна иднина. Сè уште сум убеден дека таа иднина е во ЕУ, а има само една начин да се дојде до таму – целосното спроведување на договорот што го потпишавте веќе го постигнавме, рече Шолц.

Подготвено од М.Д.

About Author