20241009-35-500-besplatni-bileti-za-voz-niz-evropa-proverete-dali-gi-ispolnuvate-uslovite-m

16.10.2024 Скопје

Ако сте млади и барате евтин начин за истражување на Европа, ова е одлична вест за вас! Европската Унија доделува 35.500 бесплатни билети за воз на 18-годишници како дел од програмата „Дисковер ИЈУ“.

Оваа иницијатива е дел од програмата „Еразмус“ и има цел да ги поттикне културните врски во ЕУ, овозможувајќи им на младите да го истражуваат европското наследство, историјата и да запознаат луѓе од различни делови на континентот.

Како да аплицирате за бесплатен билет?

Апликантите мора да се родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2006 година, така што тие мора да имаат 18 години. Огласот е отворен за сите легални жители на 27. земји членки на ЕУ и трети земји поврзани со „Еразмус“, како што се Исланд, Србија, Турција, РС Македонија, Лихтенштајн и други.

Следниот чекор е да го посетите Европскиот младински портал, каде што треба да го решите квизот за подобност и треба да одговорите на пет прашања за ЕУ ​​и на едно дополнително прашање. Исто така, треба да дадете информации за вашите планови за патување. Ова вклучува информации за тоа кога планирате да патувате, дали ќе ви биде првпат да патувате сами без вашите родители, што би сакале да научите од искуството и како ќе го финансирате вашето патување. Оваа информација нема да влијае врз процесот на селекција.

Како функционира шемата за бесплатен железнички билет?

Ако сте успешни, ќе добиете бесплатен билет за најмногу 30 дена патување помеѓу 1 март 2025 и 31 мај 2026 година. Можете да патувате сами или со група од најмногу пет пријатели, кои исто така ги исполнуваат условите, а водачот на групата одговара на квизот.

Билетот покрива патни трошоци до 283,26 евра, а во некои случаи вклучува автобус, траект или лет за млади луѓе од оддалечени области.

Како се избираат кандидатите?

Кандидатите се избираат според точноста на одговорите на квизот, а има одредена квота на билети за секоја земја. Доколку некоја земја има помалку влезници, преостанатите билети се дистрибуираат во други земји со поголем интерес. Приоритет ќе имаат апликациите што ќе пристигнат порано во случај на преголем број на апликанти.

Пријавувањето за конкурсот трае уште десет дена.

Што се очекува во замена за бесплатен билет?

Вие треба да ги споделите вашите искуства преку социјалните мрежи или презентации во заедницата. Исто така, ќе добиете можност да креирате мапа на вашето патување и извештај за вашето влијание врз намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид.

На крај ќе добиете и сертификат за учество што ќе ги потврди вештините стекнати во текот на ова неверојатно искуство.

Подготвено од М.Д.

About Author