picture-550-660x500

09.10.2024 Скопје

Во Охрид денеска и утре ќе се одржува гастрономско-едукативен настан во организација на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во соработка со македонската асоцијација на шефови на кујни Гастромак и Општина Охрид.

Овој настан, како што најавија од Факултет за Туризам и Угостителство – Охрид, на локалната гастрономска сцена ги носи познатите имиња од светската и балканската гастрономија како Изток Легат (Словенија), Уве Мишел (Германија), Стево Карапанџа, Драгица Лукин (Хрватска), Дон Давид (Русија), Вуко Митровиќ (Црна Гора), Жељко Невен Бремец (Хрватска), Хамид Хаџиќ (БиХ) и Асан Даутовиќ (РС Македонија).

Тие ќе одржат теоретски и мотивациони предавања за студентите и пошироката јавност.

Утре, шефовите Драгица Лукин и Жељко Невен Бремец ќе одржат целодневен мастер клас во кујната на факултетот, каде што ќе демонстрираат техники за подготовка на слаткарски специјалитети и традиционални јадења од јагнешко месо.

Подготвено од М.Д.

About Author