30.10.2024 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, очекува ден пред отворањето на брзата пруга Суботица – Нови Сад, закажано за 24 ноември, да биде потпишана изјава за воспоставување брза пруга меѓу четири земји – Унгарија, Србија, РС Македонија и Грција, односно од Будимпешта сè до Патра, во должина од 1.683 километри.
Тоа ќе биде неверојатен проект – истакна Вучиќ.
Тој најави дека наскоро во посета на Србија доаѓа чешкиот премиер. Вучиќ рече дека Чесите градат брза пруга кон Братислава, а оттаму Словаците работат кон Будимпешта. Исто така, еден железнички крак оди од Варшава до Будимпешта. Така што железничкиот коридор целосно се поврзува со северот и со североистокот на Европа и со цела Централна Европа.
Подготвено од М.Д.