07.10.2024 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден разви нов план за Украина пред неговото заминување од функцијата.
Се наведува дека шефот на Белата куќа сака да остави наследство, а напредокот во поддршката на Украина може да биде неговата „последна победа“ која ќе се памети.
„Прво, тој сака да испрати јасна порака дека САД ќе ја поддржуваат Украина. Камен-темелник на ова беше состанокот во Белата куќа минатата недела меѓу Бајден, (потпретседателката Камала) Харис и (украинскиот претседател Володомир) Зеленски“.
Со ова, Бајден сака да покаже дека Киев останува главен приоритет за Вашингтон. Во исто време, тој сака да создаде слика дека американската поддршка ќе продолжи и на начин што ни (претседателскиот кандидат Доналд) Трамп нема да може да ја игнорира.
Бајден исто така работи на зголемување на воената помош за Украина.
Бајден неодамна најави зголемување на воената помош за Украина во форма на пакет од осум милијарди американски долари. Средствата ќе обезбедат ново оружје за зајакнување на капацитетот на Украина за напади на долги растојанија, што исто така сугерира дека Бајден одобрува поофанзивна тактика против Русија.
Подготвено од М.Д.