29.10.2024 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден ја искористи можноста за предвремено гласање на претседателските избори и гласаше во Вилмингтон, во американската сојузна држава Делавер.
Бајден, кој се откажа од својата кандидатура во јули, им се придружи на голем број Американци кои го искористија своето право да гласаат предвреме, пред 5 ноември, кога е денот на изборите во САД.
Тој оцени дека потегот на американскиот милијардер Илон Маск, сојузникот на Трамп, да им даде на републиканските гласачи на лотарија награда од милион долари е „целосно несоодветен“.
Маск рече дека неговиот комитет за политичка акција кој го подржува Трамп „America PAC“, ќе дава по еден милион долари секој ден до изборите на секој што ќе ја потпише неговата петиција со која ги поттикнуваат републиканците во клучните држави да се регистрираат за гласање.
Подготвено од М.Д.