20241027183425

28.10.2024 Скопје

Најновото ажурирање на Европскиот модел (ECMWF)  укажува на тоа дека во првата декада од месец Ноември, најголем дел од Европскиот Континент, како и целиот Балкан буквално ќе бидат заледени поради продорот на многу ладен воздух кој ќе се спушти кај нас од Арктикот. Во ваква ситуација, на многу места и градови се очекува  и првото провејување на снег за оваа сезона (зборуваме особено за пониските места, односно за градовите), објави метеорологот Славчо Попоски.

„Овој многу ладен воздух со потекло од Арктикот, ќе ни го донесе  и првиот сериозен мраз за оваа сезона, со што очекуваме температури дури и до -10 степени, локално може тие да бидат и пониски, особено на високите планински места.

Јас  и понатаму постојано ќе ја следам оваа состојба околу првиот поранет силен зимски удар кај нас, и навремено ќе ве информирам околу секоја ново – настаната временска состојба“, напиша тој.

Подготвено од М.Д.

About Author