MBAPE

05.10.2024 Скопје

Килијан Мбапе ќе го пропушти собирот на француската репрезентација во Лигата на нации иако се опорави од повредата.

„Галските петли“ на 10 и 14 октомври ќе играат против Израел и Белгија, а освен капитенот ќе им недостига и Антоан Гризман, кој неодамна најави повлекување од репрезентацијата.

Дидие Дешан нема да смета на Мбапе, но затоа н него ќе смета Карло Анчелоти. Францускиот капитен ќе биде во составот на Реал Мадрид за натпреварот против Виљареал.

Мбапе имаше проблем кој се чини дека е решен, но сè уште не е на 100 отсто, дури иако тренираше нормално, изјави денеска пред новинарите тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

Сепак, тој не сакаше да ја коментира одлуката на Дешан да го остави Мбапе надвор од составот на француската репрезентација за два натпревари во Лигата на нации.

Мбапе во средата играше во Лигата на шампионите против Лил, но само во вториот дел.

Подготвено од М.Д.

About Author