09.10.2024 Скопје
Уставниот суд денес ќе ја крои судбината на т.н балансер. Доколку судиите одлучат да биде укината алатката со која се делеа места во јавната администрација со етнички предзнак, не се исклучени меѓуетнички проблеми, но и превирања во владината коалиција, велат аналитичарите.
Од почетокот на примената баллансерот можеби ги исполнил очекувањата , но потоа стана алатка злоупотребена за партиски вработувања по етничка основа. Евентуално укинување на балансерот треба да биде надоместено со соодветно законско решение кое ќе ги гарантира правата на граѓаните.
Со одлука на Уставниот суд од 18 септември за „Балансерот“, беше донесена времена мерка со која се стопираше вработувањето според етничка припадност.
Случајот е формиран по иницијативата на поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, во јануари годинава. Според нивните тврдења, Балансерот предизвикал пренатрупаност на институциите и администрацијата.
Подготвено од М.Д.