605295-0.Basic-Aczjada

29.10.2024 Скопје

Знак на аеродромот Данедин во Нов Зеланд стана вирален затоа што поставува ограничување за тоа колку долго луѓето можат да се гушкаат во зоната за оставање патници.

Максимално време за гушкање 3 минути. За подолги збогувања, ве молиме користете го паркингот, стои на неодамна поставениот знак.

Забраната за подолги гушкања предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, но претставник на аеродромот рече дека сето тоа било со цел добра забава.

Знакот е во согласност со нашето брендирање кое треба да биде малку необично и забавно во начинот на кој испраќаме порака, рече генералната менаџерка на аеродромот Данедин за развој на бизнисот, Меган Крафорд за веб-страницата Stuff.

Во септември, аеродромските оператори го преместија местото оставање патници со возила на друга локација со цел да го подобрат протокот на сообраќај и безбедноста околу терминалот.

Со промената дојдоа и новите знаци. На друг пишува: „Тешко е да се каже збогум, затоа направете го тоа брзо. 3 минути максимум“.

Данедин е втор по големина град на Јужниот Остров во Нов Зеланд со околу 135.000 жители.

Подготвено од М.Д.

About Author