04.10.2024 Скопје
Европската унија започна три инвестициски програми за повеќе од 700 милиони евра за целите за одржлив развој на Западен Балкан и другите региони, кои според очекувањата ќе мобилизираат 6,3 милијарди евра јавни и приватни инвестиции.
„Програмите кои одразуваат силна посветеност на отпорноста на климата и инклузивен економски просперитет се поддржани од Европскиот фонд за одржлив развој плус (EFSD+), како дел од иницијативата Глобај Гетвеј“, се наведува во соопштението на Европската комисија.
ЕУ и Европските развојни финансиски институции (EDFI) започнуваат нова програма за ублажување на климатските промени со цел да мобилизираат четири милијарди долари за отстранување на повеќе од осум милиони тони јаглерод диоксид и други штетни гасови од атмосферата. ЕФСД+ ќе го поддржи тој проект со 366 милиони евра, а ќе се реализира во Западен Балкан, како и во земјите од субсахарска Африка, Америка и Карибите, Азија, Блискиот Исток и Пацификот, соопшти ЕК.
Целта на вториот проект поддржан од EFSD+ со 255 милиони евра е наменета за поддршка на отворање нови работни места и економски раст на микро малите и средни претпријатија, како и подобрување на финансиската вклученост и поддршка на компаниите управувани од жените.
Европската комисија и холандската банка за развој на претприемништвото ФМО ќе одвојат дополнителни средства за фондот за користење на земјиште, а буџетската гаранција ЕФСД+ изнесува 105 милиони евра, објавено е на веб-страницата на Европската комисија.
Денешниот потпис е уште еден одличен пример за нашата цврста посветеност за поддршка на економското вклучување во Западен Балкан и во источното соседство – рече еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.
Подготвено од М.Д.