03.09.2024 Скопје
Како што објавија грчките медиуми, крајбрежната служба од Волос донела одлука да се забрани капењето, поради вонредната појава и сè додека не добијат известување од надлежната Дирекција за води за лабораториска потврда дека водата е соодветна за капење.
Забраната важи од плажата Агрија на исток до плажата Агиос Георгиос на запад, дел во кој се вклучени десетици плажи во околината на Волос, кои до неодамна беа наградени со „Сини знамиња“ за квалитетот.
Веќе неколку дена во тек е чистењето на крајбрежјето во заливот Пагаситикос поради милионите слатководни мртви риби што од езерото Карла се излеаја во морето.
Подготвено од М.Д.