ohrid-biljanini-izvori

12.09.2024 Скопје

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2023 година изнесува 8.875.771 илјада денари (144.321 евра).

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35,01 %), потоа на трошоците за постапување со отпад (28,31 %) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (20,93 %).

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 62,23 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 37,77 %.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4.381.994 илјади денари, односно 49,37 %.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 32,82 % се наменети за инвестиции, а 67,18 % се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 88,47 %.

Подготвено од М.Д.

About Author