05.09.2024 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ на војниците во касарната „Потпоручник Момчило Гавриќ“ во Лозница им подготви и ги послужи со палачинки.
„Добро ми стои престилка, нели? Се сеќавам на моите војнички денови, како и на вечната желба да имам палачинки во мензата… Сега е време да им ја исполниме таа желба на нашите војници. Иако, секогаш успевав во тие мои стари тави, но тука ништо. Подобро да заминам и да им служам на војниците, барем тоа ми функционира. Момци, еве повелете!“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој е во Лозница за да разговара со народот за ископувањето на литиумот.
Подготвено од М.Д.