05.09.2024 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека пред десетина дена добил покана од претседателот на Русија, Владимир Путин, да се приклучи на самитот на БРИКС што се одржува од 22 до 24 октомври во Казан, но изјави дека тогаш ќе има значајни гости од странство.
„Добив многу љубезна покана да се приклучам на самитот на БРИКС на 23 и 24 октомври, имаме важни гости од странство за тоа време, но да не зборувам сега, полека имаме многу важни посети и доаѓања и заминувања, ќе разговараме. За тоа ајде да разговараме таму околу 10 октомври. Да не ви кажувам што викаат децата – гужва е во шеснаесетникот“, изјави Вучиќ пред новинарите.
Тој изјави и дека Белград на 20 октомври слави 80 години од ослободувањето, додавајќи дека тогаш ќе бидат организирани бројни програми и планови.
„Не заборавајте дека 80-годишнината од ослободувањето на Белград е на 20 октомври, а Црвената армија, во најголем дел, со помош на нашите војници го ослободи Белград и ја донесе слободата на нашата земја заедно со Русија. и сите други кои учествуваа во ослободувањето“, рече Вучиќ.
Подготвено од М.Д.