23.09.2024 Скопје
Во британскиот регион Корнвол започна со работа демонстративна фабрика за преработка на литиум, што е прв видлив чекор кон отворање на рудник осум години по објавувањето на тој проект.
Проектот беше лансиран од стартап компанијата на рударскиот инженер Џереми Ратол, Cornish Lithium, а беше поддржан од државната Британска инфраструктурна банка и водечките рударски компании.
Рударската компанија Imerys, која со тој стартап влезе во конзорциумот за отворање рудник во Корнвол, исто така работи на проект за отворање рудник за литиум во централна Франција. Во Европа, дополнително, уште две наоѓалишта се во фаза на првични проекти – едното во австриските Алпи, а другото во северната португалска област Баросо.
Реткоста на британскиот проект е тоа што литиумот ќе се добива од два извора: од вода и карпи. Го има во геотермалните води, па првите бунари достигнуваат дури 2.000 метри под земјата, а се добиваат податоци за составот на карпите.
Комерцијалното производство се очекува да започне кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година, што ќе го направи првиот рудник за литиум во Велика Британија, а можеби и прв во Европа. Тој е уникатен бидејќи се планира вадење на минералот и од термални води и од карпи, според две методологии за кои се тврди дека се „зелени“.
Во првата фаза за истражување беа собрани 67 милиони долари (59 милиони евра), додека крајната сметка за отпочнување на рудникот би била 728 милиони долари (651 милион евра).
Подготвено од М.Д.