vancho_georgiev

11.09.2024 Скопје

Владата на вчерашната седница го назначи Ванчо Георгиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, за претседател на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.

Ванчо Георгиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев од кого новата Владата и ВМРО-ДПМНЕ не беа задовони од неговата работа.

Георгиев беше член на комисијата, но се повлече, како што рече тогаш, поради притисокот што го правела тогашната впада.

Проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев е редовен професор на Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје.

Членови на комисијата се и д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје, доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје.

Подготвено од М.Д.

About Author