Screenshot-2024-08-31-195704

05.09.2024 Скопје

Во Појасот Газа успешно е завршена првата фаза од вакцинацијата против полиомиелитис, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Акцијата овозможи речиси 200.000 деца кои се наоѓаат на палестинска територија да ја примат првата доза од вакцината.

Болеста се прошири во Појасот Газа откако повеќето од неговите 2,4 милиони жители беа принудени да ги напуштат своите домови поради израелската воена офанзива започната како одговор на нападот од 7 октомври лани што во Израел го изврши Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од САД и ЕУ.

Вакцинацијата започна благодарение на „хуманитарните паузи“ во војната што беа договорени откако по 25 години во Газа се откри првиот случај на детска парализа во Газа.

СЗО наведува дека целта е да се вакцинираат повеќе од 640.000 деца во Појасот Газа.

Подготвено од М.Д.

About Author