askabat

10.09.2024 Скопје

Туркменистан е една од најзатворените земји во светот и тоа има длабоки корени во политичката историја на земјата.

Патувањето во оваа азиска земја е строго контролирано од владата, а патниците имаат потешкотии да добијат влезни визи. Исто така, на жителите на Туркменистан им е забрането да патуваат надвор од земјата.

Таму не можат да влезат блогери, инфлуенсери и новинари, а дневно можат да влезат само дваесетина странски државјани.

Познат по својата автократска влада и големите резерви на гас, Туркменистан беше област на стабилност во немирната Централна Азија.

И покрај богатството на гас, голем дел од населението живее во сиромаштија. По стекнувањето независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, земјата влезе во период на изолација што неодамна почна да завршува.

Туркменистан произведува приближно 70 милијарди кубни метри природен гас секоја година, а околу две третини од неговиот извоз оди во рускиот гасен монопол Газпром.

Владата има апсолутен монопол над медиумите. Репортери без граници го нарекоа Туркменистан „црна дупка која постојано се шири“. Странските вести и опозициските веб-страници се блокирани, а меѓународните социјални мрежи честопати се недостапни.

Главен град на Туркменистан е Ашхабат, познат и како „мртов град“. Исто така, Ашхабат често се нарекува бел град бидејќи сите нови згради од 2000 година се изградени од бел мермер.

Главниот град на Туркменистан го држи рекордот за најголема концентрација на згради од бел мермер во светот. Неодамна влезе во Гинисовата книга на рекорди како град со најмногу згради направени од бел мермер.

Интересно е што повеќето од автомобилите на патот се бели, а дозволено е само сиво. Ова не е случајно. Уште во 2018 година беше донесен правилник според кој е забрането возење во црни и светли автомобили.

Исто така, овде можете да добиете казна ако автомобилот ви е валкан, а по дождот имате 24 часа да ја измиете колата за да не добиете казна.

Подготвено од М.Д.

About Author