
13.09.2024 Скопје
Турската даночна служба подготви измени на даночното законодавство, со кои се планира да се воведе ограничување на максимално дозволениот износ за готовинско купување, објавија турските медиуми.
Канцеларијата предлага да се воведе лимит за плаќање во готовина за стоки и услуги до 7.000 турски лири -околу 187 евра според сегашниот курс.
Доколку се изгласаат измените, правните и физички лица кога ќе плаќаат повисоки суми тоа ќе мора да го прават со дебитна или кредитна картичка или со електронско банкарство.
Во случај на непочитување на законот, предвидени се казни за купувачите. Казната нема да биде помала од 5.000 лири (околу 133 евра).
Според надлежните, оваа мерка има за цел да ги направи потранспарентни финансиските односи меѓу потрошувачот и продавачот и да ја рационализира постапката за наплата на даноците.
Подготвено од М.Д.