dete vo bolnica

19.09.2024 Скопје

Тригодишно девојче од селото Брајковац, недалеку од Лазаревац во Србија, минатата недела се отруло со алкохол. Тоа се случило во семејниот дом кога девојчето најверојатно испило ракија.

Девојчето било донесено на Детската клиника во Тиршова во многу алкохолизирана состојба, а нивото на алкохол во крвта на детето бил 4,5 промили.

Извор од истрагата изјавил дека девојчето е во тешка состојба но навреме било донесено во болница.

Според последните информации, девојчето било во куќата со двајцата постари браќа и сестрата и во еден момент наводно пронашла шише ракија од кое се напила.

Соседот за медиумите изјавил дека браќата го качиле онесвестеното девојче на трамполина пред куќата и истрчале кај соседите да им кажат што се случило и да побараат помош.

Му го покажале шишето од кое пиело девојчето. Соседот рекол дека немал автомобил да го вози детето, па му се јавил на таткото на девојчето, кој не живеел со семејството, туку во Шабац.

Според приказната на соседот, таткото пристигнал за час и половина и го однел девојчето во болница. Девојчето се опоравува, и е во стабилна состојба и наскоро ќе биде отпуштено.

Со оглед на количеството алкохол во крвта и фактот дека се работи за тригодишно дете, на девојчето и се заканувало дијализа. Основното јавно обвинителство Лазаревац вчера нареди полицијата да поднесе кривична пријава против мајката на девојчето. Како што е соопштено, врз основа на прибраните докази во последните денови, мајката се сомничи дека сторила кривично дело кршење на семејните обврски.

Мајката ќе биде под истрага кога ќе ја напушти болницата во која е од минатата недела. Мајката ќе биде сослушана во обвинителството, а по завршувањето на доказната постапка ќе се одлучува дали против неа ќе биде поднесен обвинителен акт.

Новинските извештаи наведуваат дека мајката била бремена во третиот месец и имала спонтан абортус, и дека поради тоа се наоѓа во болница во Белград. Таму била задржана на лекување. Нејзините четири деца на возраст од 13, 12, 8 и 3 години останале сами дома. Наводно побарала од сосед да се грижи за нив.

Подготвено од М.Д.

About Author