05.09.2024 Скопје
Кавадарци викендов ќе биде центар на сите случувања со „Тиквешки гроздобер”, вековната традиција, стопанско туристичката и културна манифестација. Ова денеска го соопшти градоначалникот Митко Јанчев, на прес – конференција.
Тој најави дека во петок, сабота и недела, Кавадарци ќе биде преплавен со посетители од цела држава и од странство.
„Изложба на олдтајмери, таблијада, изложби на уметнички дела, настап на детски фестивали, меморијален турнир „Сестри Китеви”, подготвување на најразлични специјалитети од грозје, вино и маџун, традиционални вечери на староградска песна и гостување на музички звезди од Р.С. Македонија и поранешните ЈУ простори, во приказната наречена „Тиквешки гроздобер”. И главната карневалска поворка, белегот на оваа манифестација низ годините, со учество на карневалски групи од Р.С. Македонија и надвор од неа“, најави градоначалникот.
Подготвено од М.Д.