03.09.2024 Скопје
Претседателот на Економскиот, социјалниот и еколошкиот совет на Франција, Тијери Боде е сериозен кандидат за француски премиер, објави денеска француски весник, повикувајќи се на неименувани извори.
Тиери Боде порано бил учител, а потоа претседател на Генералната организација за солидарност во областа на националното образование.
Во интервју претходно оваа година, Боде изјави дека коалицијата „Национален собир“ ја „загрозува иднината на посредничките организации“.
Во Елисејската палата во тек се консултации за именување на нов премиер. Под притисок на опозицијата што поскоро да назначи нов премиер, францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Елисејската палата се сретна со неговите претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози, како и со поранешниот премиер Бернар Казнев, јавуваат француските медиуми.
Месец и пол по предвремените парламентарни избори и оставката на владата на Габриел Атал, Макрон сè уште не именуваше нов премиер. Левичарските партии го обвинија Макрон за „опструкција“, бидејќи ја исклучи кандидатката на „Нов народен фронт“, Луси Каст од листата на кандидати. Ултралевичарската партија „Непокорна Франција“ го иницираше процесот за импичмент на Макрон.
Подготвено од М.Д.