25.09.2024 Скопје
На неодамна завршениот Лејвер купот се собраа голем број врвни тенисери, а таму веднаш се пожалија на тениската организација – АТП. Повторно темата беше пренатрупаниот календар и трчањето на АТП по пари, а кога зборуваше за тоа, Алекс Зверев го спомна и Новак Ѓоковиќ. Поради незадоволството од работата на АТП, српскиот тенисер ја основа својата тениска организација ПТПА и се бори за правата на послабо рангираните тенисери и менување на календарот на натпреварување.
“Тенисот ја има најдолгата сезона во професионалните спортови. Јунајтед купот почнува на 27 декември, а Мастерсот во Торино завршува на 20 ноември. Кој и да игра во финалето на Дејвис купот, сезоната трае уште подолго. Немаме време за одмор. да го подготвиме телото, да развиеме мускули… Немаме време да не го земеме рекетот цел месец и да се подготвиме физички за многу долга и тешка сезона, штом се вратиме од одмор, мораме да направиме 2 -3 недели подготовка и веќе чекаме да играме во Австралија“, изјави Зверев за насобраните медиуми.
Германскиот тенисер годинава веќе одигра 73 меча, па до крајот на сезоната сигурно ќе стигне до 100 дуели. И го нема луксузот да одмора многу повеќе и да игра што помалку турнири, како Новак Ѓоковиќ.
„Моето тело е добро сега, но прашајте ме за седум или осум години. Можеби ќе ви одговорам поинаку. Ако сте успешни како Федерер или Ѓоковиќ, можете да го намалите бројот на турнири што ги играте. Но, ако сте амбициозни и чувствувате дека уште не го достигнавте вашиот потенцијал, тогаш тоа не е опција затоа што АТП турнејата продолжува без вас, мислам дека има премногу задолжителни турнири, но никој не не прашува нас играчите, каза Зверев и удри по директорот на АТП:
„АТП само пари ги интересираат. Што да правиме? Организираме бојкот? И после што! Не смееме да бојкотираме, ако не играме турнири, тие ќе не казнат, од друга страна, ако сакате да бидете број 1, да освојувате грен слемови, мора да играте“.
Карлос Алкараз му се придружи во критиките за организацијата и календарот. И поранешниот број еден на АТП листата смета дека нешто треба итно треба да се промени.
„Многумина сметаат дека натпреварувачкиот календар сега е добар, но многумина, вклучително и јас, се убедени дека има премногу задолжителни турнири и дека со текот на годините ќе ги има уште повеќе. Сезоната беше многу долга, играв помалку турнири од други тенисери, но многу натпревари – објаснува 21-годишниот Шпанец“
Подготвено од М.Д.