vladini vozila

18.09.2024 Скопје

Владата на вчерашната седница одлучи да почне постапка за промена на два закони – за сите службени возила да имаат регистерски таблички во боја различна од обичната. Со овие измени ќе се воспостави регистар за сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистрации во посебна боја за да може да бидат забележани од граѓаните.

„На овој начин, веруваме дека ќе биде оневозможено нивното користење за приватни цели, со што дополнително ќе се зајакне транспарентноста и отчетноста на институциите на државата“, напиша на Фејсбук директорот на служба за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Во минатото имаше бројни злоупотреби на службени возила за приватни, но и партиски цели.

Подготвено од М.Д.

About Author