06.09.2024 Скопје
Судскиот совет едногласно го усвои извештајот од работна група во врска со случајот со поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, на кого судијата Пајазит Пајазити мерката ефективен му ја замени со домашен притвор.
Не се работи за одговорност ниту за одлука, извештајот е основа и патоказ што понатаму во врска со случајот Пајазити, додаваат од советот.
Во наводите на извештајот се констатира дека причините за определување на мерката притвор биле истите со оние за куќен притвор, за каде не биле дадени насоки како ќе се обезбедува бегалецот Рамадани.
Судијата Ивица Николовски на расправата упати забелешка, што Врховниот суд не се приознел во врска со екстрадиционата постапка на Рамадани по меѓународната потерница издадена до Интерпол, беше уапсен на 17 јули на граничниот премин Јажинце и однесен во притворското одделение во Шутка.
Содржината на налогот за апсење по барање на Србија се заснова на сомневања дека поранашнипт припадник на ОНА извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.
Подготвено од М.Д.