sks--827x480

04.09.2024 Скопје

„Ја започнавме процедурата за отворање претставништво на Стопанската комора на Србија во Скопје. Имаме големи планови, работиме како и досега и уште поинтензивно“, рече Марко Чадеж, претседател на СКС.

Претставник на Стопанската комора на Србија во Скопје ќе биде Нола Исмајлоска Старова, соопшто тој. Таа, како што истакна, веќе има големо искуство во одлична соработка со СКС и коморите во регионот, на полето на регионалната соработка и на полето на евроинтеграциите.

„Претставништвото на СКС во Скопје ќе биде силна поддршка за уште подобра соработка меѓу економиите и компаниите од двете земји“, рече Исмаиловска Старова, која очекува овој одличен пример да го следат и другите комори.

„Веќе направивме многу, малку ни недостасува да бидеме пример како треба да функционира „едношалтерскиот центар“ кога е во прашање трговијата со услуги и стоки, дека навистина немаме никакви пречки и дека можеме да функционираме како земјите од ЕУ. Нашата цел е Србија и Република Северна Македонија да бидат пример за земји кои јасно покажуваат како можат да им го олеснат бизнисот на своите бизнисмени до таа мера што тие не размислуваат за административни прашања, туку се занимаваат со она што најдобро го знаат, а тоа е да се создаде нова вредност“, рече претседателот на Стопанската комора на Србија Чадеж.

Како што посочи то, првите активности на претставништвото ќе бидат насочени кон забрзување на административните процедури со цел непречено поврзување на единствениот пазар, како и поврзување на деловните заедници и партнери.

Блиските врски меѓу Србија и Република Северна Македонија на економскин план добија поголем интензитет во рамките на иницијативите на Отворен Балкан.

Подготвено од М.Д.

About Author