04.09.2024 Скопје
Македонскиот фудбалски клуб Вардар денеска го промовира новиот тренер, трет по ред во тековната сезона на ПМФЛ.
Водството го презема 50-годишниот стручњак Срѓан Захариевски, а ваквата одлука следува откако Горазд Михајлов си поднесе оставка, како и двата неславни меча на „Горан Петрески“.
Захариевски во својата тренерска кариера работеше во Металург, Пелистер, а најдолго се задржа во Струга, а неколку месеци помина и во Воска Спорт, клуб со кој се раздели по крајот на сезоната.
Подготвено од М.Д.