20.09.2024 Скопје
Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел, по заедничкиот ручек со Урсула фон дер лајен зборуваше и со Шарл Мишел во изјавата зборуваше дека правилото на едногласност во ЕУ било ултиматум, а српскиот претседател Александар Вучеиќ за тоа кога Белград ќе ги добие првите пари од Планот за раст.
По ручекот со претседателката на Европската комисија, Фон дер лајен, Вучиќ рече дека очекува првата транша од предвидениот план би можела да биде уплатена „веќе кон крајот на октомври“.
Вучиќ пред новинарите изјави дека Србија ги исполнила сите критериуми од Планот за раст. Имено, станува збор за првите седум проценти од Планот што треба да се одобри.
„Исполнивме сè, потпишавме сè, мислам дека само една земја не дојде со исполнети критериуми“, рече Вучиќ, не прецизирајќи која е таа земја.
Вучиќ рече дека „нашата транша е 112 милиони евра“. Од тоа 32 милиони се подарок, а 80 милиони евра се на 40-годишен кредит, тоа се речиси бесплатни пари, по најповолни услови и одат во нашиот јавен долг, да знаат граѓаните“, рече тој.
Но, како што рече, парите не се најважни, туку реформите.
„Вистинските, вистински реформи се од најголемо значење за нас. Во целата агенда за раст на Србија се предвидени 1.580 милијарди, од кои 380 милиони се подароци, а 1,2 милијарди се овие поволни заеми. Им благодарам многу, дел се буџетски средства, а дел финансирање проекти“, додаде Вучиќ.
На прашањето колку е реален единствениот пазар на Западен Балкан, Вучиќ рече дека тоа е „основен услов за приклучување кон единствениот европски пазар“.
Вучиќ рече и дека тој и Урсула фон дер Лајен, освен што разговарале за европскиот пат, разговарале и за Србија да стане дел од СЕПА (Единствена европска платежна област) од 1 јануари.
„Тоа е важно не само за исплата на дознаките, туку и за нашите пред сѐ помали бизниси, за нашите компании“, рече тој.
Вучиќ рече дека, без оглед на српската вина и техничките доцнења во одредени аспекти, останува убеден дека „успеавме да скокнеме во тој воз“ и дека од 1 јануари Србија ќе биде дел од она што се нарекува Единствена европска платежна област.
Единствената европска платежна област (Single European Payment Area) е иницијатива за платежна интеграција на Европската унија за поедноставување на банкарските трансфери деноминирани во евра. Почнувајќи од 2020 година, има 36 членки во СЕПА, составена од 27 земји-членки на Европската унија, четирите земји-членки на ЕФТА (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија) и Велика Британија. Некои микродржави учествуваат во техничките шеми: Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан.
Доколку Србија успее да стане дел од СЕПА од 1 јануари таа ќе биде единствената земја од Западен Балкан на која ќe ѝ успее да влезе во оваа платежна интеграција.
Македонските власти не кажаа кога би можеле да ги очекуваме првите пари од Планот за раст и колку би изнесувале тие од првата транша од седум проценти.
Подготвено од М.Д.