nevrabotenost-2-1068x580

04.09.2024 Скопје

Стапката на невработеност во Србија во вториот квартал на 2024 падна на рекордни 8,2%, додека стапката на вработеност достигна највисоко ниво од 51,4%. Според податоците од Анкетата за работна сила, во вториот квартал од годинава бројот на вработени во Србија изнесува 2,89 милиони, бројот на невработени 257.800, додека стапката на невработеност е 8,2 отсто, објави Републичкиот завод за статистика (РЗС).

Бројот на вработени во Србија во вториот квартал е поголем за 48.400 во однос на истиот период лани, бројот на невработени е помал за 44.800, а стапката на невработеност е намалена за 1,4 процентни поени.

Споредено со првиот квартал од 2024 година, бројот на вработени е зголемен за 28.000, а бројот на невработени е намален за 41.300.

Вкупната стапка на неформални вработувања изнесува 11,8 отсто, при што стапката на неформални вработувања во земјоделскиот сектор е 51,7 отсто и 5,9 отсто во неземјоделските сектори. “Денеска добивме одлична вест за стапката на невработеност која во вториот квартал годинава се спушти на 8,2 отсто, така што во првата половина од годинава изнесува вкупно 8,8 отсто. Стапката на вработеност во вториот квартал е 51,4 отсто. Ова е рекордно ниска стапка на невработеност, односно рекордно висока вработеност во Србија и неверојатно добра вест што ја потврдува исправноста на нашата економска политика“, објави на својот Инстаграм профил српскиот министер за финансии Синиша Мали.

Бројот на вработени лица во вториот квартал од годинава изнесува 2.899.700. Во однос на истиот период од претходната година, бројот на вработени е зголемен за 48.400, а бројот на невработени е намален за 44.800. Споредено со првиот квартал од 2024 година, бројот на вработени е зголемен за 28.000.

Подготвено од М.Д.

About Author