03.09.2024 Скопје

Скопје го очекува уште еден богат музички викенд. И тоа не обичен туку, „Скопје пивски викенд“ (Skopje Beer Weekend ), кој ќе се одржи во три вечери на 13, 14 и 15 септември, на Стадионот на АРМ во Градски парк – Скопје.

Викендот ќе биде посветен на ладното пиво, вкусната храна и што е најважно, добрата забава со квалитетната музичка програма и понуда која содржи внимателно одбрани изведувачи.

Првата вечер, на 13.09.2024 (петок) настапуваат: еден од најпопуларните бендови од соседтвото „Тропико бенд“, македонското ар-ен-би дуо заедно со својата повеќечлена придружна група во живо ДНК и македонската „Ѕвезда на Гранд“, Андријана Петрушовска.

Втората вечер, на 14.09. 2024 (сабота) ќе настапат: српската фолк ѕвезда, Пеѓа Меденица, најпознатата македонска поп-реге-ска група, „Суперхикс“ и двојната макфестовска победничка Бојана Скендеровски.

И конечно последната, трета вечер на 15.09.2024 (недела)
годинешниот „Skopje Beer Weekend“ ќе го затворат: Џенан Лончаревиќ, Миле Кузмановски и Наум Петрески.

Затоа не пропуштајте ја единствената можност да бидете дел од „Skopje Beer Weekend“ од 13 до 15 септември 2024, Стадион на АРМ – Градски парк – Скопје.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *