Jannik-Sinner-

07.09.2024 Скопје

По голема борба и три часа и три минути игра, светскиот рекет број еден Јаник Синер го победи 25. носител Британецот Џек Дрејпер со 7-5, 7-6/3, 6-2 и се пласира во финалето на УС Опен. Дрејпер, кој до овој меч не загуби ниту сет, налета на „италијанскиот ѕид“.

Синер ја оправда улогата на фаворит и стигна до првото финале во кариерата во Њујорк. Така по победата на Австралија опен ќе има можност да ја заокружи годината со триумф и на Флешинг Медоус.

Беше исцрпувачки меч, Дрејпер имаше и стомачни проблеми  средината на мечот, па веројатно и тоа влијаеше третиот сет да заврши побрзо од првите два, кои беа многу борбени.

Противник во финалето на Синер ќе му биде победникот од американското полуфинале меѓу Тиафо и Фриц.

Подготвено од М.Д.

About Author