Silvio-Mirovski-1

02.09.2024 Скопје

Силвио Мировски го освои златниот медал на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Мировски, во конкуренција на постари јуниори во категоријата до 71 килограм, во финалето го победи Иван Бородатји од Украина и го освои златото. Претходно, во полуфиналната борба славеше против Атанас Димов од Бугарија.

Како што е познато, злато на СП освои и Марија Димовска во женска конкуренција, додека Лука Змејковски со сребро се враќа од Светското првенство.

На Светското првенство учествува 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од 68 земји од светот.

Подготвено од М.Д.

About Author