25.09.2024 Скопје

Шведскиот производитело на батерии Northvolt во понеделникот објави дека ќе укине 1.600 работни места во својата татковина Шведска и ќе го пренасочи фокусот на производството на батериски ќелии во услови на слаба побарувачка за електрични автомобили.

Менаџментот најави дека ќе укине илјада работни места во главната фабрика на Нортволт во Скелефтеа, 400 во Вестерас и 200 во Стокхолм.

И покрај општата динамика на електрификацијата, ние мора да се погрижиме да ги преземеме вистинските мерки во вистинско време како одговор на неповолните трендови на пазарот на возила и пошироката клима во индустријата – рече извршниот директор Питер Карлсон во изјавата.

Групата на тој начин ги суспендира плановите за големо проширување на фабриката Northvolt Ett во Скелефтеа и планира да ги насочи ресурсите кон зголемување на производството на батериски ќелии. На почетокот на месецот ја напуштија фабриката за катодни материјали.

Според Карлсон, Нортволт мора да се фокусира на масовното производство на батериски ќелии во Скелефтеа, бидејќи тоа е клучно за снабдување на клиентите и одржување на остварлив бизнис.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *