20240925103101

26.09.2024 Скопје

Кина овие денови е дом на 30 производствени иновативни центри на национално ниво и над 260 производствени иновативни центри на провинциско ниво, при што земјата опстојува во решителните напори за понатамошно зајакнување на својот индустриски развој.

Истовремено, како што известува агенцијата Синхуа, од извори од 24-тиот меѓународен саем за индустрија во Кина, кој се одржува во Шангај, Кина изгради 421 демонстративни фабрики на национално ниво со интелигентно производство.

Настанот почна вчера и ќе трае до сабота, а привлече учество на 2.600 изложувачи од 28 земји и региони.

Во кинескиот финансиски центар, Шангај, каде се оджува овој значаен настан, саемот има вкупна изложбена површина од 280.000 квадратни метри со девет професионални егзебиции и теми кои вклучуваат нова енергија и интелигентни поврзани возила, роботи и нови материјали.

Лансиран во 1999 година, саемот стана една од највлијателните платформи за меѓународна трговија, размена и соработка на индустриски опсег.

Подготвено од М.Д.

About Author