NUKLEARNA CENTRALA

04.09.2024 Скопје

Директорот на руската државна нуклеарна корпорација Алексеј Лихачов изјави дека Росатом смета дека ризиците од напад на нуклеарната централа Курск се многу високи.

„Засега, до овој момент, немаше напади врз зградите на централата, но на приодот беа соборени голем број ракети“, рече Лихачов.

Лихачов нагласи дека поради ова и понатаму ги оценува ризиците како „многу високи“.

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Рафаел Гроси минатата недела ги посети нуклеарната централа Курск и градот Курчатов.

По посетата на нуклеарната централа Курск, Гроси изјави дека ситуацијата е сериозна.

Според него, спречувањето нуклеарна несреќа е од витално значење.

На 6 август украинските сили ја пробија границата и окупираа дел од руската област Курск. Нуклеарната централа Курск се наоѓа на само 40 километри од бојното поле, веднаш до градот Курчатов.

Подготвено од М.Д.

About Author