FotoJet-38

18.09.2024 Скопје

Голем пожар избил на територијата на рафинеријата за нафта во Агиа Теодори на патот од Атика до Коринтија.

Грчката пожарникарска служба соопшти дека за гасење на пожарите се мобилизирани копнени и воздушни сили.

Огнот во моментот не им се заканува на наполнетите цистерни, меѓутоа гасењето се смета за тешка операција и планот е да се намокри целиот периметар за да се спречи ширење на огнот.

Тројца работници се префрлени во болница со полесни повреди.

Густиот црн чад се гледа од неколку километри оддалеченост, а жителите на околните населби добиле порака да се евакуираат.

Локалните медиуми наведуваат дека гори мазут и дека според првите проценки пожарот најверојатно бил предизвикан од експлозија при чистење на резервоар.

Итно е прекинат патниот и железничкиот сообраќај а се очекуваат и доцнења и откажувања на летови.

Министерот за заштита на граѓаните Василис Кикилиас го известил премиерот Киријакос Мицотакис за пожарот во рафинеријата.

Oд Мотор оил велат дека пожарот од засега непознати причини избурна во делот на единиците за рафинирање на јужната рафинерија на во Аги Теодори. „Ситуацијата е под контрола. Од пожарот полесно се повредени тројца вработени од фирма-изведувач, кои се пренесени во болницата Коринт и им е укажана неопходната нега.
Од почетокот на инцидентот сме во континуирана соработка со надлежните служби. Им благодариме на Противпожарната служба и нејзините луѓе за соработката од првиот момент“, велат од Мотор оил.

Подготвено од М.Д.

About Author