EU PARI EVRA

17.09.2024 Скопје

Во вториот квартал од 2024 година, платите во еврозоната се зголемија за 4,5 отсто на годишно ниво, но зголемувањето е помало во однос на растот од 5,2 отсто во првиот квартал од оваа година.

Гледано во секторите, во вториот квартал од 2024 година, приходите во преработувачката индустрија во еврозоната бележат раст од 5,3 отсто на годишно ниво, во градежништвото за 5,6 отсто, во областа на информации и комуникации за 4,8 отсто, во финансиските дејности и дејностите на осигурување за 4,7 отсто, стручните, научните и техничките дејности за 5,6 отсто, што во сите наведени случаи е побавен раст од претходниот квартал.

Ако се обрне внимание на најголемите економии во еврозоната, растот на платите на годишно ниво во Германија во вториот квартал од оваа година бил 4,7 отсто, а во Шпанија 3,7 отсто.

Истовремено, платите во Италија се зголемени за 3,3 отсто на годишно ниво, со исто темпо како и во првиот квартал.

Спротивно на тоа, француската заработка се зголеми за 3,4 отсто на годишно ниво во вториот квартал на 2024 година, забрзувајќи од 3,2 отсто во првиот квартал.

Европската централна банка во неколку наврати изјави дека забавувањето на растот на платите е еден од важните предуслови за намалување на каматната стапка во еврозоната, пренесоа медиумите.

Подготвено од М.Д.

About Author