05.09.2024 Скопје
Во следниот состав на Европска комисија се очекува да има најмалку 10 жени, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
„Половина од граѓаните на ЕУ се жени, затоа имаме за цел да постигнеме родова еднаквост во новата комисија, каде еднаквоста е обезбедена со географски принцип и со политичка припадност“, наведе Лајен.
Таа додаде дека сè уште не разговарала со сите предложени за европски комесари.
„Еврокомесарите мора да бидат компетентни, ова е најважното барање“, наведе Лајен.
Се очекува Лајен за една недела на затворена средба со раководството на Европскиот парламент да го претстави предлогот за структурата и составот на новата ЕК. Во октомври новите еврокомесари треба да бидат изгласани од ЕП, а со работа ќе почнат во декември.
Подготвено од М.Д.