Kylian-Mbappe-celebration-PSG-vs-Lorient-Ligue-1-2020

13.09.2024 Скопје

Правната комисија на француската фудбалска лига му наложи на ПСЖ да му плати на Килијан Мбапе 55 милиони евра неисплатени плати, соопшти денеска лигата.

Лигата ја донесе одлуката еден ден откако Мбапе ја одби понудата комисијата да посредува во спорот со неговиот поранешен клуб.

Актуелниот француски првак, меѓутоа, ја оспори одлуката на раководството на Лигата и спорот ќе се решава на суд.
Францускиот репрезентативец Мбапе ова лето се пресели од ПСЖ во Реал Мадрид.

Подготвено од М.Д.

About Author