04.09.2024 Скопје
Поради сушата кај јужниот сосед од вештачко езеро се појави село.
Урнатини од куќи во селото Калиja во централна Грција, до неодамна потопени во вештачко езеро, повторно се појавија поради сушата и поради намалувањето на нивото на езерото, главниот резервоар со вода за грчката престолнина Атина.
Поради намалувањето на нивото на езерото кое го исполнуваат блиските реки Морнос и Евинос пак се појавија урнатини од куќи.
Во вештачкото езеро Морнос, на 200 километри западно од главниот град, во последните месеци има 30 отсто помалку вода во споредба со минатата година, покажуваат податоците на водоводното претпријатие ЕЈДАП.
Јоргос Јосифидис, пензионер кој живее над поранешното село Калија, изјави дека нивото на Морноското Езеро се намалило за 40 метри.
Тој морал да ја напушти својата куќа на крајот на 1970-тите кога била изградена браната што го создала езерото Морнос.
Скоро 80 куќи од селото, црква, основно училиште беа потопени за да се обезбеди водоснабдување за Атина.
Климатските промени влијаат и на намалување на родот на многу култури. Има поплаки и дека маслиновото масло е скапо за шпанските граѓани затоа што родот е слаб.
Подготвено од М.Д.