ESPRIT

30.09.2024 Скопје

На почетокот на август беше објавено дека модната група Esprit може да ги затвори сите 56 свои продавници во Германија до крајот на годината, а сега овие планови се потврдени.

Овој познат моден ланец, кој беше омилен меѓу жените, се соочува со неизвесна иднина и одлучи да ги затвори сите свои продавници. Како дел од процесот на ликвидација, имотот на седиштето на компанијата ќе биде понуден на аукција.

На аукцијата ќе има разновидна опрема од седиштето на Esprit во Ратинген и од логистичкиот центар во Менхенгладбах. Според достапните информации, на неколку аукции ќе бидат понудени околу 2.000 артикли, меѓу кои и 400 канцелариски работни станици со бироа што се прилагодуваат на висина, како и околу 500 електрични уреди како компјутери, таблети, паметни телефони, телевизори и системи за видео конференции. Исто така, купувачите ќе можат да наддаваат за 40 автомобили од возниот парк на Esprit, додека облеката нема да биде дел од аукцијата.

Поради затворањето на продавниците, околу 1.300 работници ќе останат без работа, а бизнисот „Есприт“ моментално е во ликвидација. Продавниците кои сè уште имаат достапна стока ќе бидат затворени најдоцна до крајот на ноември, рече портпаролот на компанијата. Некои од објектите се веќе затворени, а германските медиуми јавуваат дека информациите за затворањето предизвикале загриженост кај вработените.

Подготвено од М.Д.

About Author