10.09.2024 Скопје
Јапонската компанија за дистрибуција на електрична енергија (ТЕПКО) го рестартираше пробното отстранување на остатоците од нуклеарно гориво од нуклеарната централа Фукушима.
Подготвителната работа, прва од ваков вид откако моќното цунами ја уништи централата во 2011 година, беше прекината на 22 август поради грешка во инсталацијата на опремата за екстракција, а на 6 септември ТЕПКО ги заврши проверките пред повторното стартување.
Работата за отстранување на отпадот, кој се состои од нуклеарно гориво и делови од инфраструктурата на централата, а се проценува на околу 880 тони, првично требаше да почне во 2021 година, но беше одложена поради пандемијата на коронавирус.
Во август минатата година, ТЕПКО почна да испушта прочистена радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима, по што Кина воведе забрана за увоз на јапонски морски плодови.
Подготвено од М.Д.