02.09.2024 Скопје
Вчера во 18.11 часот на 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, парагјадерист, со отворена скршеница на едната нога и веројатна повреда на р’бетот, кој моментално се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево.
Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
“Полицискиот Ми 171, во кој се наоѓам во моментот, итно го пренасочивме кон тешко повреденото лице и моментално сме во непосредна близина на Крушево,” истакна Ангелов.
Подготвено од М.Д.